Top Sport

Почетино контра англиските обложувалници: Не си одам од Тотенхем

Маурисио Почетино луто одговори на шпекулациите дека ќе си замине од Тотенхем по дербито на северен Лондон овој викенд, откако две англиски обложувалници решија веќе да не примаат облози дека Аргентинецот заминува од премиерлигашот, сметајќи дека тоа е веќе одлучено.

„Нема да си одам по дербито на северен Лондон. Ќе бидам тука и во понеделник и во вторник. Потоа, имам план да патувам, но не ви кажувам каде. Во петок ќе бидам назад во Лондон на состанок со директорот Даниел, а потоа викендот ќе гледам некои реперезентативни дуели. Не си одам. Јас не сум човек кој си заминува со порака преку социјалните мрежи“, изјави луто Почетино.

Тој додава дека се работи за „глупава шпекулација“ која има цел да направи проблеми каде што не постојат. Почетино се подготвува за шестата сезона во Тотенхем и вели дека му дал софтверско име на новиот проект: „Тотенхем 6.0“.

„По пет години сме во оваа ситуација и работевме летово да го обновиме составот. Најважно е сите да се грижиме за тоа што е најдобро за клубот“, објаснува Почетино.

Scroll to Top