Top Sport

Накагами добил нов договор

Јапонецот Такаки Накагами го продолжил договорот со ЛЦР Хонда на уште една година. Накагами ја вози својата втора сезона во „кралската класа“, а во актуелната сезона бележи добри резултати.

Јапонскиот возач, оваа сезона, на девет трки бил меѓу најдобрите десет, а најдобриот пласман го забележал во Италија, кога на патеката во Муџело го освоил петтото место.
„Воодушевен сум што ќе останам во Хонда. Напредував оваа сезона бидејќи ја имав поддршката од тимот. Сигурен сум дека можеме вака да продолжиме и во 2020 година“, рекол Накагами.

Наредната трка во Мото ГП шампионатот ќе се вози во неговата земја, Јапонија. По јапонското гран-при Накагами ќе замине на операција на рамето.

Scroll to Top