Top Sport

Панчев: Се случуваа чудни работи во Вардар

Дарко Панчев европски првак со Црвена ѕвезда и европска „Златна копачка“ во интервју за „Вечерњи лист“ меѓу другото проговорил и за периодот во кариерата кога бил спортски директор на Вардар. Најтрофејниот македонски клуб пред неколку сезони направи вистинска сензација кога преку Фенербахче избори пласман во фазата по групи во Лига Европа.

Панчев, кој заедно со поранешниот соиграч Илија Најдоски, биле доведени за да го подигнат клубот на повисоко ниво, набргу по големиот успех ги напуштиле своите функции.

„Кога станува збор за Вардар, се случуваше нешто чудно. Јас и Илија Најдоски дојдовме во Вардар за да го подобриме квалитетот на тимот и да станеме конкурентни во Европа. Тоа набргу и ни успеа, направивме големо изненадување, го елиминиравме Фенербахче. Клубот заработи многу пари со пласманот во фазата по групи во Лига Европа. Очекувавме дека луѓето што го водеа клубот да инвестираат пари во трансфери на квалитетни фудбалери, за Вардар да биде уште поконкурентен. За жал се случи спротивното, наредната година воопшто немаше пари, се должеше кон сите, некои играчи си заминаа, не беа донесени адекватни замени и резултатите беа катастрофални. Јас и Најдоски видовме дека нема ништо од она што се договоривме на почетокот и поради тоа полеке, полека се повлековме и повеќе не сме во Вардар. Зошто тоа било така тоа может да објаснат луѓето што го водат клубот“, рекол Панчев.

Scroll to Top