Top Sport

„Не постои терапија која може да му помогне на Шумахер“

Поминаа повеќе од 5 години откако Михаел Шумахер настрада на скијање на француските Алпи. Тој тогаш тргнал по необележаниот дел од стазата, незгодно паднал и удрил со главата во камен.

Легендарниот Формула 1 возач се уште се опоравува, а информациите за неговата актуелна здравствена состојба се сведуваат на медицински нагаѓања и детали од анонимни извори.

Француски „Ле Парисиен“ објави дека Михаел Шумахер минатиот понеделник попладне од Женева стигнал во болницата „Жорж Помпиду“ во Париз на таен третман за примање матични клетки. Информациите се дека ова не е првпат на Гермнецот да му се прават такви болнички зафати.

„Да, во мојот оддел е и ве уверувам дека е при свест“ наводно рекла медицинска сестра од споменатата болница.

Денеска свое мислење дала и Матилда Леонарди, една од водечките италијански стручњаци во таа област од медицината.

„Не постои експериментална терапија со матични клетки која би имала позитивен ефект на пациенти во состојба на минимална свесност, како во случајот на Михаел Шумахер. Информацијата која стигна до јавноста во врска со екс-возачот во Ф1 само дава лажна надеж за семејството на пациентот“ – изјавила Леонарди која е директор на Невролошкиот институт „Беста“ во Милано.

Scroll to Top