Top Sport

Дел Пиеро: Роналдо ќе биде уште подобар од минатата година!

Поминаа 23 години откако „Старата дама“ од Торино вторпат и последен во историјата стана европски шампион, а еден од клучните фудбалери во тој успех е уверен дека „сушата“ наскоро ќе заврши.

„Тој момент ќе дојде, порано или подоцна“ – вели Алесандро Дел Пиеро во интервју за „Газета дело Спорт“ по повод почетокот на новата сезона во Лигата на шапиони.

Неговиот Јувентус во кој помина 19 години и одигра 706 натпревари, со 290 гола сезоната во ЛШ ќе настапува во групата Д, со Атлетико Мадрид, Баерн Минхен и Локомотив Москва.

„Мислам дека групата не е лоша. Кристијано Роналдо не е доволен да се освои ЛШ, но не може да се рече дека не го стори она за што е доведен, а оваа сезона ќе биде уште подобар од минатата година“ – вели Дел Пиеро.

Тој ги прокоментира и шансите на останатите италијански преставници во елитното европско клупско натпреварување (Наполи, Интер и Аталанта).

„Сите три клуба имаат шанси да ја поминат групата, вклучително и Аталанта“ – смета екс-фудбалерот.

Како најсериозен кандидат да го симне Јуве од тронот во Италија, Дел Пиеро го смета Интер.
„Ме потсетува на Интер од 2011, има одлучност, желба за победа, големо влијание на Конте како тренер врз играчите“ – смета популарниот „Пинтуричио“.

Scroll to Top