Top Sport

Неочекуван „голем оптимизам“ во Ферари пред новата сезона

Иако јавно изјавуваат дека се внимателни пред стартот на новата сезона, во Ферари постои „голем оптимизам“ околу моторот и болидот за 2022 година, тврди „Скај спортс“ и шпанската „Марка“.

Неодамна, шефот на Ред бул, Кристијан Хорнер во полушега изјави дека е можно Ферари да ги „смачкаат“ во Бахреин, бидејќи Скудерија не беше вклучена во битката помеѓу Ред бул и Мерцедес за титулата и ги концентрираше своите ресурси на развојот. „Скај спортс“, пак, објавија дека има „многу позитивни сигнали“ од Маранело, каде што сметаат дека е направен значителен напредок со перформансите на моторот, а сега „Марка“ вели дека има „нескриен голем оптимизам“, посебно за моторот.

Според италијанските извори аеродинамиката е добра, но најголемиот напредок е во моќта на моторот, кој е дизајниран од Волф Цимерман и носи интересно име „Суперфаст“. Шефот Матија Биното е внимателен.

„Предвидуваме дека и Мерцедес и Ред бул продолжиле со развојот како изминатите години, а тие имаат алатки, методологии, симулации, пресметки и средства за такво нешто. Би било предвремено да кажеме дека можеме да ги победиме Мерцедес и Ред бул. Прво да почнеме да се натпреваруваме со нив“, изјавил Биното за „Марка“.

Scroll to Top