Последната трка од ФИА картинг шампионатот заврши скандалозно, откако италијанскиот тркач Лука Корбери направи навистина злобен чин за време на трката.
Снимките од трката го покажуваат 23-годишниот Корбери откако се откажа по само девет круга од трката од 23 круга по судирот со Паоло Иполито, по што тој го крена скршениот браник од неговиот картинг и чекаше Иполито да сврти цел круг, за потоа да го фрли пред него.
Корбери не застана тука – тој го чекаше Иполито по трката по што физички го нападна.
Cлучките на трката која го круниса Французинот Жереми Иглесиас како шампион во трката со Холанѓанецот Маријн Кремерс предизвикаа бура реакции кај тркачите кои побараа претседателот на ФИА Картинг шампионатот, поранешниот Ф1 возач, Фелипе Маса да му додели доживотна суспензија на Корбери.
„Лука Корбери си ги уништи сите шанси во тркачката кариера за ова одвратно однесување. Неговиот татко е сопственик на патеката! Доживотна суспензија за двајцата“, напиша поранешниот Ф1 возач, Џенсон Батон на Твитер.
Karting driver Luca Corberi got mad at a race and then this happened. Should be a ban for life. pic.twitter.com/ofVoSif6fJ
— F1 Feeder Series (@F1FeederSeries1) October 4, 2020
Karter Luca Corberi continues to vent his anger after the kart race. Somebody arrest this guy. (via @EstagiariodaF1) pic.twitter.com/R9Kuk2VI4G
— F1 Feeder Series (@F1FeederSeries1) October 4, 2020