Top Sport

Неверојатни излетувања на руско рели – за среќа никој не е повреден!

Последната трка од Рускиот рели шампионат донесе серија луди излетувања во која два рели-тима имаа среќа што си заминаа без повреди. Ековер 2021 релито во Азбест (град наречен по индустријата) во областа Свердловски на Урал е познато по својата компликуваност и опасност, што најдобро го дознаа два рели-тима.

Павел Козлов во својот Мицубиши Ево Лансер, се удри во работ на патот по еден скок, по што автомобилот се преврте дури седум пати пред да заврши на покривот. Козлов и неговиот совозач Јуриј Куликов поминаа без повреди.

Во слично спектакуларо излетување, Виталиј Михаилов во ист автомобил имаше уште позагрижувачки инцидент, откако неговиот Мицубиши едноставно „полета“ откако удри на работ на патот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Дим Димыч (@dim_dimuch_178)

Scroll to Top