Top Sport

Погба постави рекорд, но Јунајтед не победи, Кејн се врати во составот на Тотенхем

Пол Погба стана првиот фудбалер во историјата кој имал пет асистенции во првите две кола во Премиер лигата, но Манчестер јунајтед не успеа да стигне до победа, одигрувајќи само 1:1 кај Саутемптон на „Сент Мерис“. Нуно Еспирито Санто, пак, со Тотенхем стигна до 1:0 победа на гости кај неговиот поранешен клуб, Вулверхемптон.

Саутемптон успеаја први да дојдат во водство, кога по половина час игра, ударот на Че Адамс беше пренасочен од Фред и го совлада Давид де Хеа, а „ѓаволите“ сметаа дека се оштетени откако во акцијата пред голот беше фаулиран Бруно Фернандеш.

Во второто полувреме, Јунајтед „притиснаа“ за гол и стигнаа до него во 55. минута, кога по убавото проигрување на Погба и Фернандеш, Мејсон Гринвуд го постигна својот втор гол оваа сезона. Погба, пак, доби официјално асистенција за да влезе во историјата на Премиер лигата. До крајот на мечот, Јунајтед имаше повеќе шанси, иако и Давид де Хеа имаше две одлични одбрани против опасните Саутемптон.

На „Молињу“, пак, каде што Нуно го направи своето тренерско име, беше доволен гол од пенал за втора победа во првите две кола за Тотенхем. Уште во 9. минута, Деле Али беше прецизен од белата точка, а за одбележување е што Хери Кејн, по сите шпекулации за трансфер, влезе во игра во 72. минута на местото на Сон Хеунг-Мин.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top