Top Sport

Норис: Болидот не е прилагоден на мојот стил на возење

Ландо Норис е еден од возачите кои привлекуваат внимание во Формула 1 оваа година, но и покрај успесите што ги бележи, вели дека не се чувствува целосно удобно во својот „McLaren MCL36“.

Со 88 освоени бодови, заедно со еден подиум, Норис моментално е седми во генералниот пласман на возачи. Говорејќи на подкастот за Формула 1, тој рече дека има проблеми да се прилагоди на болидот.

„Има некои работи за кои сите мислат дека не му одговараат на Даниел (Рикардо, поради начинот на кој возам, тие рекоа дека автомобилот е направен повеќе за мене, но тоа не може да биде подалеку од вистината. Не мразам да го возам овој автомобил, но навистина не одговара на мојот стил на возење“, рече Норис на подкастот.

„Би рекол дека на почетокот на сезоната болидот повеќе му одговараше на Даниел, во смисла дека знаеше подобро да го вози. Навистина се мачев на почетокот на сезоната. Се справувам со тоа или подобро кажано го прифатив и изгледа сега се вклопувам. Сепак, ова е сè уште далеку од идеалниот автомобил за мене. Ако сакав да го возам најдобриот и најбрзиот круг, ова секако не е автомобилот во кој би го направил тоа“.

„Морав повеќе да се прилагодам на болидот отколку што тој се прилагоди на мене. Тимот не можеше многу да направи, можеа само да го направат што е можно побрз. Можам само да кажам во кој правец сакам да одиме“, заклучи Норис.

Scroll to Top