Top Sport

Билетите за последниот меч на Федерер се препродаваат по 8.000 фунти!

Роџер Федерер утревечер, како партнер на својот долгогодишен ривал, Рафаел Надал ќе го одигра својот последен професионален меч на Лејвер купот во Лондон и интересот е толу голем што билет за мечот во „О2 арената“ веќе се препродава со цени од над 8.000 фунти.

Швајцарската тениска легенда, по долга пауза поради трите операции на коленото, овој месец потврди дека се повлекува од тенисот и бидејќи е доволно подготвен да игра само во двојки, тоа ќе го направи со Надал, откако капитенот на Европа, Бјорн Борг ги избра за меч против Џек Сок и Френсис Тиафоу од светскиот тим.

„Не сум сигурен дали ќе успеам, но сигурно ќе се обидам. Добро е што Рафа е на моја страна, а не играм против него. Ќе биде прекрасно да победиме уште еднаш“, вели Федерер.

На веб-сајтот „Виагого“, билетите се ценат на 8.000 фунти со голем број на британски тениски фанови кои сакаат да го одбележат историскиот меч.

Scroll to Top