Top Sport

Норис: Да имав иста машина, ќе ги победував Ферстапен и Хамилтон

Младиот возач на Мекларен, Лендо Норис смета дека кога би имал еднаква машина како Луис Хамилтон и Макс Ферстапен ќе се борел со нив за светската титула.

Британецот е импресивна оваа сезона со освојување на поени во сите четири трки, од кои во три беше во топ 5, а во Имола го имаше вториот подиум во кариерата. Тој верува дека направил доволно во болидот да покаже дека во иднина може да биде и светски шампион, но дека за тоа му треба силен болид.

„Сакам да кажам да, но тоа не значи дека сум подобар од сите возачи во Формула 1, не го велам тоа. Но, со оваа форма која ја имам оваа сезона мислам дека би можел постојано да победувам и да се борам за светската титула. Со мали подобрувања можам да бидам уште подобар. Не сум на ниво да ги победувам постојано Макс или Луис, и морам да бидам внимателен како ќе го кажам ова, но би бил вистински предизвикувач за титулата“, вели 21-годишниот Норис.

ANIMEFLIX animeflix the promised neverland: JoJo's Bizarre Adventure: Diamond is Unbreakable (Dub) (https://animeflix.nl/m/Lxz1) Episode 39

4Anime 4anime bleach: Watch Assassination Classroom (Dub) Episode 20 (https://4anime.biz/m/wXxx/ep-20)

Scroll to Top