Top Sport

Трето па машко! Кланот Мекгрегор побогат за еден син

Годината за УФЦ мегаѕвездата Конор Мекгрегор станува подобра со секој нареден ден, откако тој потврди дека неговата свршеница Ди Девлин се породила со нивното трето дете, синот Рајан.

32-годишниот Ирец се пофали на Инстаграм со фотографија со најмалиот син и интересна порака.

„Кланот Мекгрегор сега е семејство од 5! Здраво машко бебе! Бебето и мајката чудесна жена се одлично. Господе, ти благодарам за се што си ми дал мене и на моето семејство во овој свет. Мојот новороден син, Рајан Мекгрегор“, напиша Мекгрегор.

„Ноториус“ веќе има еден син, четиригодишниот Конор Јуниор и двегодишна ќеркичка Кроја. Месецот беше фантастичен за Мекгрегор, кој во четвртокот беше прогласен за спортист со најголема заработувачка последните 12 месеци од страна на угледниот магазин „Форбс“. Тој заработи 180 милиони долари благодарение на продажбата на неговиот бренд на виски „Пропер 12“.

Scroll to Top