Top Sport

Канело се ожени една недела откако брутално го претепа Саундерс

Мексиканската боксерска суперѕвезда Саул „Канело“ Алварез беше толку самоуверен во своите квалитети што се ожени со својата партнерка Фернанда Гомез само една недела откако го декласираше Били Џо Саундерс во меч за обединување на титулите во супер-средна категорија.

Алварез буквално му го скрши лицето на Саундерс, предизвикувајќи негово откажување во осмата рунда пред 73.000 фанови во Тексас на 8 мај, но толку бил самоуверен дека ќе помине без физички последици, што закажал свадба една недела подоцна.

Според мексиканските медиуми, скапата церемонија се одвивала на полуостровот Пунта де Мита во државата Најрит, а нив ги забавувал чилеанскиот пејач Мон Лаферте. Канело и Фернанда се заедно веќе три години и имаат ќеркичка.

Scroll to Top