Возачот на Мекларен, Лендо Норис вели дека ќе се обиде да биде што подалеку од Ленс Строл во иднина бидејќи синот на канадскиот газда на Рејсинг поинт не учи од своите грешки и продолжува да вози како почетник.
Строл имаше инцидент со Норис во текот на Португалското ГП, за кој беше казнет со пет секунди, а потоа се повлече поради оштетувања на болидот. За Канаѓанецот ова беше втор судир во текот на викендот откако се удри во Макс Ферстапен на вториот петочен тренинг, по што Холанѓанецот го нарече „ретард и идиот“.
Ниту Норис не е пресреќен од стилот на Строл.
„Не знам што правеше, да бидам искрен. Отиде лево, и бев изненаден бидејќи имаше отворен простор од внатрешната страна. На половина претекнување, тој врти со воланот. Очигледно не научи ништо од петокот, но изгледа дека не учи од ништо што го прави. Тоа постојано се случува со него и следниот пат ќе гледам да бидам што е можно подалеку од него“, вели Норис.
Lando Norris Uncensored radio after crash with lance Stroll
What the f*ck is this D*ckhead doing? C*nt…#F1 pic.twitter.com/QB1E4RuCnJ
— Eau rouge (@Insidef1) October 25, 2020
Stroll vs Norris. pic.twitter.com/Ipd7yg7slx
— ▄▀▄▀ ??? Mu̷n̷d̷i̷a̷l̷ ̷ F͓̽1͓̽ ▄▀▄▀ (@f1rtp) October 25, 2020
Ферстапен VS Строл: Каков е.ан слепец, вистински ретард и Монгол!