Top Sport

Нов договор за Хамилтон и 100 милиони долари за две години

Шесткратниот светски првак во Формула 1 Луис Хамилтон добил понуда од Мерцедес да го обнови договорот, тврди „Газета дело Спорт“. Договорот на Британецот со Мерцедес истекува на крајот од годината.

„Газета дело Спорт“ наведува дека Мерцедес на Хамилтон му понудиле да го продолжи договорот до крајот на 2022 година. Тимот на Британецот му нуди годишна плата од 50 милиони долари.

Инаку, според шпекулациите интерес за Хамилтон покажуваат и во Ферари каде се знае дека оваа сезона е последна за Себастијан Фетел.

Хамилтон (35) светски првак бил во 2008, 2014, 2015, 2017, 2018 и 2019 година.

Scroll to Top