Top Sport

Јокиќ не може сам, трипл-дабл на Сабонис во Денвер (Видео)

Домантас Сабонис го обележа натпреварот во Денвер каде Индијана Пејсерс славеа во дуелот со Нагетс 115:107. Синот на славниот Арвидас Сабонис го забележа првиот трипл-дабл во кариерата, нешто што на неговиот татко не му успеа во 470 одиграни натпревари во НБА лигата.

Денвер без Џамал Мареј, Пол Милсап и Гери Херис не успеаја да ги скршат Пејсерси во чии редови покрај Сабонис блескаше и Даг Мекдермот.

Последната четвртина беше клучна за конечниот победник, во неа Пејсерс постигнаа 41 поен.

Сабонис забележа 22 поени, 15 скока и 10 асистенции, а Мекдермот постигна 24 поени, тој погоди седум тројки од осум обиди. По 22 поени за Пејсерс постигнаа и Малком Брогдон, односно Ти Џеј Ворен.

Денвер го предводеше Никола Јокиќ со 30 поени, 10 скока и четири асистенции.

Scroll to Top