Top Sport

Нов хаос и прекин во Саудиска Арабија – неверојатно преговарање за рестартот

Саудиското ГП во Џеда повторно е во прекин, откако рестартот на трката донесе нов хаос и нови судири, и неверојатно преговарање за позицијата на новиот рестарт, која на крај ќе изгледа Естебан Окон-Луис Хамилтон-Макс Ферстапен.

По судирот на Мик Шумахер, на рестартот, Ферстапен беше прв пред Хамилтон, меѓутоа возачот на Мерцедес успеа да го претекне, за на првата кривина, Холанѓанецот да излезе надвор од патеката и да го врати првото место, додека Естебан Окон во Алпине успеа да се пробие на второто место. Меѓутоа, веднаш потоа трката пак беше претекната по страшниот судир на вториот возач на Хас, Никита Мазепин, додека во аут завршија и Серхио Перез во Ред бул и Џорџ Расел во Вилијамс.

По ова следуваше неверојатното преговарање преку радио-комуникацијата меѓу Мајкл Маси од ФИА и тимовите на Мерцедес и Ред бул, за наместо да се постапи дисциплински против Ферстапен за добивање на предност со кратење на патеката, се реши да се постави рестарт Окон-Хамилтон-Ферстапен.

Scroll to Top