Top Sport

Чиракот го победи мајсторот – Вила на Џерард подобра од Лестер на Роџерс

Пред мечот, Стивен Џерард призна дека научил многу од својот поранешен менаџер на Ливерпул, Брендан Роџерс, и тоа неговите Астон вила го покажаа со камбек 2:1 победа над Лестер за да ги поминат на 10. место во Премиерлигата.

Харви Барнс им донесе рано водство на „лисиците“ уште во 14. минута, но само три минути подоцна Езра Конса успеа да израмни за домаќините. Конса постигна и втор гол во 54. минута, за совршена недела за Вила и за Џерард, кому сега му следува емотивно враќање на „Енфилд“ на гостување кај неговиот поранешен клуб, Ливерпул.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top