Top Sport

Русија по 15 години го освои тенискиот Дејвис куп

Андреј Рубљов и Данил Медведев ги добија своите мечеви во сингл во два сета, за Русија да ја совлада Хрватска со 2:0 и да ја освои својата прва Дејвис куп титула од 2006 и трета вкупно во историјата.

Откако во првиот меч, Рубљов со 6:4/7:6(5) го совлада Борна Гојо, во вториот меч, шампионот од САД опен, Данил Медведев исто така покажа дека во моментов е еден од најдобрите тенисери на светот, победувајќи го Марин Чилиќ со 7:6(7)/6:2. Хрватите се надеваа на барем една сингл победа, бидејќи потоа во мечот во двојки ќе беа фаворити со прворангираниот тим во двојки Никола Мектиќ-Мате Павиќ. Но, вака тие остануваат со двете Дејвис куп титули во 2005 и 2018 година.

Русија на патот до титулата го победи домаќинот Шпанија, но и Германија во полуфиналето, потпирајќи се токму на одличната сингл игра на Рубљов и Медведев.

Scroll to Top