Top Sport

Бекеле за малку до светскиот рекорд во маратон во Берлин

Поранешниот олимписки и светски шампион, Кенениса Бекеле имаше фантастичен кам-бек за победа на маратонот во Берлин во неделата, поставувајќи второ најдобро време во историјата, за само 2 секунди зад светскиот рекорд.

Етиопјанецот Бекеле, кој победи во Берлин во 2016 година, а покрај тоа е светски рекордер на 5.000 и 10.000 метри, ја заврши брзата патека за 2:01:41, за две секунди поспоро од рекордот на Кениецот Елиуд Кипчоге, кој лани истрча 2:01:39, а ќе се обиде да го сруши митското време од 2 часа на маратонот во Виена на 12 октомври.

Бекеле беше дел од групата со сонародниците Бирхану Легесе и Сисај Лема, кои се одвоија уште на стартот, по што Легесе, победникот од Токио оваа година, ги остави зад себе Бекеле и Лема по 30 километри. Меѓутоа, Бекеле имаше фантастичен финиш за да го помине Легесе за импресивна победа.

Scroll to Top