„Монопол“ останува една од најпродаваните игри на светот, а сега и фановите на Ред бул рејсинг можат да поседуваат една интересна верзија на играта со Макс Ферстапен и Серхио Перез како главни ѕвезди.
Иако цената е речиси 50 евра, секако, се работи за колекционарска едиција за вистинските фанови. Во играта има картички за питстоп, картички за контрола на трката, и постојат 32 трибини и 12 Ф1 патеки чиј газда можете да станете.
Ова не е уникатна верзија за Ф1, бидејќи минатата сезона беше објавен и „Монопол“ со Мерцедес Ф1.