Top Sport

Новиот „C43“ на Алфа Ромео

Алфа Ромео го претстави болидот „C43“, кој во новата сезона на Формула 1 ќе го возат Валтери Ботас и Гуанин Џоу.

Забележливо е дека преовладува темно црвената боја со нијанси на црна, ова е промена во однос на претходните сезони кога доминираа црвената и белата боја.

Промоцијата се одржа во Цирих во присуство на двајцата возачи, кои минатата година го доведоа тимот до шестото место во конкуренција на конструктори.

Алуни Брави, менаџерот на тимот истакна дека новиот болид е производ на неколкумесечна работа на целиот тим.

„Ова е само почеток на патувањето. Продолжуваме да работиме напорно за да постигнеме најдобри перформанси на патеката. Сите во тимот се трудат во иднина да бидат што поконкурентни со најдобрите тимови“, изјави Брави.

Новата сезона на Формула 1 започнува со трка на патеката Сахир за Големата награда на Бахреин на 5. март.

 

Scroll to Top