Top Sport

Новите Формула Е болиди се прекрасни (видео)

Формула Е шампионатот ги објави првите фотографии од болидите од втората генерација кои ќе се користат за сезоната 2018/19.

Со новите болиди на електричен погон веќе нема да се прави менување на болидите по половина трка (нешто што се практикуваше од стартот на сезоната), што претставуваше голема пречка за популаризација на серијата.

Изгледот на болидоте впечатлив со „гром“ околу кокпитот со задолжителната заштита на главата „хејло“, која треба да се користи и во Ф1, огромен заден дифузер и предни тркала во стил на Ле Ман серијата.

Болидот официјално ќе биде презентиран на Авто-саемот во Женева во март, а него го изгради „Спарк рејсинг технолоџис“ по добиениот тендер од ФИА. Според претседателот на ФЕ, Алехандро Агаг, ова е „иднината на тркањето“.

„Кога почнавме со Формула Е, целта беше да се направи мешаница и да се разбие статус квото, да се донесе револуција во мотоспортот. Овој болид ја претставува таа револуција. Болидите ќе се побрзи, ќе имаат речиси двојно повеќе капацитет, поради огромниот раст на технологијата“, изјави Агаг.

Scroll to Top