Top Sport

Канело и Головкин на ри-меч во мај

Саул „Канело“ Алварез и Генадиј Головкин повторно ќе се „судрат“ во рингот на 5 мај, најавувајќи уште една боксерска класика.

Најавата беше направена од актерот Рок преку видео објавено од пеј-пер-вју ТВ-мрежата „ХБО“. Двете ѕвезди во средна категорија се сретнаа минатиот септември, кога исходот беше котнроверзно реми.

Судијата Аделејд Бирд го оцени мечот 118:110 за Алварез, одлука која предизвика бес кај неутралните боксерски фанови и поради која тој веќе нема да суди на важните мечеви. Другиот судија Дејв Морети го оцени мечот 115:113 за Казахстанецот Головкин, а третиот, Дон Трела го оцени мечот со 114:114.

„Овојпат нема да бидат потребни судиите“, најави Головкин на Твитер, откако мечот со Алварез му ја нанесе првата „дамка“ во кариерата по 37 победи.

Scroll to Top