Top Sport

Одбиена пријавата на Андрети – Ф1 останува со 10 тимови

Тимот на Андрети не доби дозвола да се натпреварува во Формула 1 за сезоната 2025 година.

Во деталното образложение се наведени причините поради кои американскиот тим зад кој стои Мајкл Андрети (син на поранешниот Ф1 шампион Марио Андрети) не ги исполнува условите за учество на шампионатот.

Сепак, вратата е оставена отворена за Андрети да се приклучи на Ф1 караванот во 2028 година.

Да потсетиме, ФИА во октомври објави дека овој тим задоволува со техничките предиспозиции, но Андрети во моментов не може да обезбеди спонзорски договор со компанијата „Либерти Медиа“.

По неколкумесечни преговори во рамките на сопственичката структура на Ф1, одлучено е дека отворањето место за Андрети на гридот не е добра идеја во моментов.

Секако, останува надежта дека работите ќе се сменат за четири години.

Scroll to Top