Top Sport

Пет клуба биле заинтересирани за Кутињо

Не игра добро, во Баерн е само резервна опција, меѓутоа неколку клубови биле заинтересирани за Фелупе Кутињо.

Бразиелцот сезонава игра како позајмен играч во Баерн Минхен, но Баварците нема да ја искористат опцијата да го откупат за 120 милиони евра. Јасно е дека по завршувањето на сезоната Бразилецот ќе мора да се врати во Барселона.

Интерес за него постои но само под услов Барселона да ја намалат цената, односно Кутињо да биде на продажба за сума од околу 80 милиони евра.

Англиските медуми пишуваат дека четири екипи од Премиерлигата се заинтересирани за Кутињо – Манчестер Јунајтед, Манчестер сити и Тотенхем, а тука бил и неговиот проанешен клуб Ливерпул.

Надвор од Англија се шпекулира со името на Пари Сен Жермен. Барселона би сакале да го искористат Кутињо за да го реализираат трансферот на Нејмар.

Scroll to Top