Top Sport

Организаторите во Мелбурн сакаат трка, Фетел и Раиконен веќе си заминале од Австралија!

На неколку часа пред официјалниот старт на Формула 1 викендот со официјалните тренинзи, сите очекувања се дека првата трка од сезоната ќе биде откажана по објавата на Мекларен дека се повлекува од трката поради корона вирусот.

Информациите од Австралија велат дека шефовите на Ф1 тимовите се согласиле со ФИА да не ма трка, но уште нема официјално соопштение, а организаторите на Австралиското ГП зачудувачки објавија соопштение дека викендот продолжува според планот и покрај извештаите дека Себастијан Фетел и Кими Раиконен веќе ја напуштиле Австралија.

„Вратите на патеката ќе се отворени во 8.45 часот наутро и сите активности ќе течат според планот. По повлекувањето на Мекларен, се разговара со тимовите и ФИА за можни промени на распоредот“, се вели во соопштението на Австралиското ГП.

Додека се чека официјална потврда, Себастијан Фетел и Кими Раиконен, поранешните колеги, веќе ја напуштиле земјата, објавува „Би-би-си“.

Друга „теорија на заговор“ е дека ФИА и Формула 1 не сакаат тие да бидат одговорни за откажувањето на трката, бидејќи така нема да ги добијат парите кои се должни промотерите да ги дадат на Ф1.

Мекларен се повлекоа од трката во Австралија

Scroll to Top