Организаторите на трката за Големата награда на Холандија потврдија дека трката на патеката Зандворт нема да се вози оваа година.
Спортскиот директор на холандското гран-при Јанс Ламерс претходно најавуваше дека трката би можела да биде одржана со почитување на посебни протоколи за безбедност и без присуство на публика.
Сепак на крајот со поддршка од челните луѓе на Формула 1 Холанѓаните решија да ја откажат трката за 2020 година.
Холанѓаните 35 години чекаа Формула 1 да се врати во нивната земај, но по ова одлука ќе мора да почекааат уште една година за да им бида домаќини на најдобрите возачи во светот.