Top Sport

Откриени подобрувањата на Мерцедес – ќе има ли голем скок во перформансите?

Ф1 новинарите на „Скај спортс“ ги објавија првите фотографии од промените на болидот на Мерцедес пред Шпанското ГП во Барселона, со кои се надеваат дека ќе имаат голем скок во перформансите по лошиот старт на сезоната.

Мерцедес последните осум сезони ги освојуваа титулите кај конструктори со својот доминантен болид, за оваа сезона да паднат зад Ферари и Ред бул, по што шефот на тимот Тото Волф призна дека со подобрувањата во Шпанија ќе знаат дали да продолжат да го „тераат“ уникатниот дизајн без странични крила или да го сменат концептот.

Мерцедес имаа еден ден тестирање на патеката Пол Рикар во Франција во средата, односно термин за снимање на реклами – во кој смееја да возат само 100 километри, или околу 17 кругови. Зад воланот беше Џорџ Расел.

Фотографиите од Барсеона покажуваат мали крилца под болидот кон предното крило, дизајн кој Ферари и Ред бул го користат од стартот на сезоната и со кој треба да се подобри текот на воздухот во предниот дел на болидот. Исто така има и мали промени на подот, една од слабостите на Мерцедес оваа сезона. Дали ова ќе донесе до пообрувања, останува да се види.

Scroll to Top