Top Sport

„Ова е вистинско време да се заразиш“

Хелмут Марко советникот во екипата на Ред Бул имал бизарен предлог за првиот возач во тимот Макс Ферстапен.

Во екот на епидемијата на коронавирусот, Марко во разговор за австриски „Кронен Цајтунг“, открил дека младиот Холанѓанец се плашел од вирусот.

„Макс ми откри дека ужасно се плаши да не се зарази со коронавирусот. Мислам дека е најдобро сега да се зарази. Има 22 години, не припаѓа во ниту една ризична група, така што по соочувањето со вирусот би станал имун и би можел целосно да се фокусира за напад на титулата.“

Макс Ферстапен вози во Формула 1 од 2015 година, минатата сезона го освои третото место во генералниот пласман.

Scroll to Top