Top Sport

Три клуба се интересираат за Гризман

Антоан Гризман по само една сезона би можел да ја напушти Барселона. Напаѓачот за кого клубот издвои 120 милиони евра не се снајде на „Ноу Камп“ по доаѓањето од Атлетико Мадрид.

Барселона во летниот преоден рок планира две мега засилувања во нападот. Целта на клубот се Нејмар и Лаутаро Мартинез.

Доколку Бразиелцот и Аргентинецот дојда во клубот во нападот ќе нема место за Гризман.

Француските и англиските медиуми пренесуваат дека Пари Сен Жермен, Арсенал и Манчестер Јунајтед се заинтересирани за Гризман.

Пари Сен Жермен и во минатото беа заинтересирани за Гризман. Сега се надеваат дека тој може да го заземе местото на Нејмар и во нападот би играл со својот партнер од репрезентацијата Килијан Мбапе.

Манчестер Јунајтед исто така во минатото се обидуваа да го донесат францускиот напаѓач. Жозе Мурињо се обиде но не успеа да го убеди да дојде на „Олд Трафорд“.

„Црвените ѓавли“ сега покрај богат договор му ја нудат и „седумката“. Овој број во Јунајтед е митски, во минатото го носеле легендите Џорџ Бест, Ерик Кантона, Дејвид Бекам, Кристијано Роналдо. Не е никаква тајна дека седумката е омилениот број на Грзман.

Најмалку шанси за евентуален трансфер на напаѓачот има Арсенал, меѓутоа според пишувањата тие ќе се обидат да го донесат бидејќи бараат потенцијална замена за Пјер-Емерик Обамејанг кој најави заминување од Лондон.

Scroll to Top