Top Sport

Прв пат во историјата – одложени се Олимписките игри

Премиерот на Јапонија Шинзо Абе и претседателот на Интернационалниот олимписки комитет Томас Бах се договориле Олимписките игри наместо од 24 јули до 9 август оваа година да се одржат наредната година.

Премиерот Абе и Бах имале телефонски разговор во вторникот. Тие се договориле Олимписките игри да не бидат откажани туку да бидат одложени за 2021 година.

„Откако разговараше со претседателот на ИОК, премиерот Абе, за медиумите појаснил дека се договориле Олимписките игри да бидат одложени за наредата година“, пишува на официјалниот „Твитер“ профил на јапонскиот премиер.

Јапонската влада наведува дека прв пат во историјата се случува одложување на ОИ. Терминот на одржување дополнително ќе биде одреден, Јапонците не ја исклучуваат можноста тие да бидат одржани на пролет наредната година.

Scroll to Top