Макс Ферстапен вчера направи мудра одлука со влегувањето во боксот за гуми за дожд во финишот на лудото Руско ГП, за неверојатно да стигне до второто место во Сочи откако стартуваше од последното место.
23-годишниот возач на Ред бул во последниот круг на потрошените „средни“ гуми, кога почна да врне посилен дожд, успеа да ги помине Даниел Рикардо во Мекларен и Карлос Саинс Јуниор во Ферари, обезбедувајќи важни поени во борбата за титулата. Ова не беше покажано за време на ТВ-преносот.
Kijk deze ronde, voordat Verstappen besluit over te gaan op regenbanden. Iedereen voor hem spint maar Max weet z’n auto met versleten mediums op de baan te houden, hier zie je hoe belachelijk goed hij is. pic.twitter.com/MJb0GhDJlE
— Niels ?️?⭕️ (@Juynovic) September 27, 2021