Top Sport

Ожие ја освои Хрватска, па го викна возачот со кој се судри на вечера

Актуелниот шампион во Рели ВРЦ, Себастиен Ожие триумфираше на првото издание на Хрватското рели, откако во драматична завршница на 20-тата специјална етапа победи со 0.6 секунди пред Велшанецот Елфин Еванс за втор триумф оваа сезона.

До втората победа во три трки оваа сезона, возачот на Тојота дојде на најтежок можен начин, во последната етапа. Еванс имаше 3.9 секунди предност пред Ожие пред последната етапа, но направи грешка и дозволи Французинот да победи по 51. пат во кариерата. Третото место со 8.1 секунди послабо време отиде кај Белгиецот Тјери Нојвил, а четврти беше победникот од Финска, Естонецот От Танак.

За малку, Ожие немаше да може да дојде до овој успех, откако имаше бизарна сообраќајна несреќа на патот до стартот на етапата, кога се судри со обичен автомобил. Претседателот на Хрватското рели, Даниел Шашкин изјави дека проблемите се надминати и дека Ожие го повикал возачот на другиот автомобил на вечера.

„Себастиен имаше мала несреќа утрово и секоја чест што стигна до победата и покрај тоа. Господинот со кој се удри веќе го повика на вечера, бидејќи како што дознав и тој е љубител на рели трките“, изјави Шашкин.

topsport.mk/avtomoto/reli-legendata-ozhie-predizvika-soobrakjajka-vo-zagreb-pa-kje-gazeshe-policaec/

Scroll to Top