Top Sport

Ожие со победа на Британското рели, Нојвил останува лидер

Светскиот шампион Себастиен Ожие триумфираше на Британското рели со својот М-Спорт Форд за да се доближи на лидерот во генерален пласман, Тјери Нојвил во Хјундаи на само седум поени на две релија пред крајот на сезоната.

Французинот ја доби тесната битка со Јари-Мати Латвала (Тојота), кој стана лидер во неделата наутро, пред да биде поминат во претпоследната етапа во северен Велс. Ожие, кој сега има пет победи во Британија, на крајот заврши со предност од 10.6 секунди, а подиумот го комплетираше вториот возач на Тојота, Есапека Лапи.

Надежите на Белгиецот Нојвил за победа и за зголемување на предноста се уништија во саботата кога падна во дупка, но тој се врати на релито и заврши како петти.

Нојвил сега има 189 поени пред Ожие со 182, додека колегата на Нојвил од Хјундаи, От Танак е трет со 167 поени. Во пласман на конструктори, Тојота има 317 поени пред Хјундаи со 297.

„Го дадов мојот максимум, но не успеав. Шампионатот уште не е одлучен и сега не чека возбудлива битка со Себастиен и От“, вели Белгиецот.

Следното рели на програмата е Каталонското рели во Шпанија од 25 до 28 октомври.

Фото: ЕПА

Scroll to Top