Top Sport

ЛШ: ППД Загреб извлече реми кај Скјерн

ППД Загреб на Лино Червар не се дава така лесно. По тешкиот домашен пораз од моќните Пари Сен-Жермен, хрватските шампиони успеаја да извлечат 31:31 (14:14) реми на гостувањето кај незгодниот дански клуб Скјерн.

Домаќините водеа во текот на целото прво полувреме, но на одмор се отиде со 14:14, а Загреб потоа имаше одличен старт и разлика од три гола, пред Скјерн да ги „запали моторите“ и да направи пресврт (24:22). Сепак, во финишот Загреб се враќа и се игра гол-за-гол, пред Сондегард на 30 секунди пред крајот да го постави конечниот резултат (31:31) по што Бичаниќ не успеа во нападот.

Босанскиот репрезентативец Сенјамин Буриќ беше најефикасен за Загреб со седум гола, додека Златко Хорват додаде шест. За Данците најдобри беа Магнусен и Могенсен со по шест гола.

Scroll to Top