Top Sport

Педроза најбрз на вториот тренинг во Брно

Дани Педроза постави најдобро време на вториот тренинг пред Чешкото ГП во Брно, во сесија во која неколку фаворити беа во опасност да не влезат во вторите квалификации.

Колегата на Педроза од Хонда, лидерот во генерален пласман Марк Маркез беше најбрз на стартот на сесијата со 1:56.635 пред Педроза и Кал Крачлоу, но исто како и во утринската сесија (кога беше поминат од Довициозо), Педроза успеа да постави времедо 1:55.976.

Второто место на крајот отиде кај Данило Петручи (Прамак Дукати) со 0.123 секунди послабо време, пред Алваро Баутиста (Дукати) и Хафиж Сјарин (Тех 3). Довициозо беше петти, пред фабричките возачи на Јамаха, Маверик Вињалес и Валентино Роси, додека Маркез беше само 10. зад Тито Рабат и Жоан Зарко.

Надвор од топ 10 беа Андреа Јаноне, Алекс Ринс, Крачлоу и Хорхе Лоренцо, кои сега мораат да имаат добро време во саботната утринска сесија за да ги избегнат првите квалификации.

Scroll to Top