Формула 2 трката во Саудиска Арабија беше прекината веднаш по стартот по застрашувачкиот судир меѓу Енцо Фитипалди и Тео Пуршер, по кој двајцата возачи завршија во болница.
На стартот на трката, болидот на Пуршер остана заглавен на патеката, по што Фитипалди, инаку внук на легендарниот Ф1 шампион Емерсон Фитипалди се удри директно во него со огромна брзина. Според „ЕСПН“, Фитипалди со хеликоптер е однесен во болница, но покажал палец пред да биде транспортиран, што значи дека е свесен.
Bloody hell. It was really nasty. Bits of car landing in the pit lane too. Hope Fittipaldi and Porchea are okay. ? #F2 https://t.co/fVk3t6elsb pic.twitter.com/JgErAsAOVx
— Marty (@MartyMcLxmxn) December 5, 2021