Top Sport

Перез: Ако до 2021 не сум на подиумот, ќе си одам од Ф1

Возачот на Рејсинг поинт, Мексиканецот Серхио Перез признава дека ако во следните две сезони не успее да стигне до постојани подиуми во Ф1 ќе го напушти спортот.

Перез дебитираше во Ф1 на Австралиското ГП во 2011 година, и осум години подоцна има 167 трки и осум подиуми, остварени кога „големите“ тимови налетале на проблеми. Мексиканецот беше клучен човек во спасувањето на тогашниот Форс Индија тим, спречувајќи го банкротот и носејќи ги инвеститорите кои го преименуваа тимот во Рејсинг поинт, но вели дека резултатите мора да се покажат набргу.

„Никогаш не знаете што ќе се случи во Ф1. Знам дека нема да останам уште долго, бидејќи си кажав дека до 2021 година не сум конкурентен за подиуми нема да одам понатаму. Но, сите сме позитивно расположени и ситуацијата е одлична. На патеката немаме резултати кои ги очекувавме, но знаевме дека оваа година ќе биде преодна за нас. Иднината изгледа добро“, вели Перез.

Милионите кои ги донесе Лоренс Строл не донесоа резултати за тимот од Силверстоун, кој е на осмото место на табелата, иако пред сезоната најавуваа пласман во топ 4.

Scroll to Top