Top Sport

Ван Перси: Малото дете во мене врескаше за Манчестер јунајтед

Робин ван Перси вели дека тоа што Арсенал не му понудиле нов договор за останување на „Емирати“ го натерале да го направи контроверзниот трансфер во 2012 година.

Холанѓанецот, кој постигна 132 гола во 280 настапи за „топчиите“, сепак, исто така признава дека не можел да го спречи „малото дете“ во него кое врескало за трансфер во Манчестер јунајтед. Ван Перси потоа со Јунајтед освои уште еден трофеј од Премиер лигата за Сер Алекс Фергусон, но трансферот од 22 милиони фунти ги наруши односите со навивачите на Арсенал.

„Можете да го споредите тоа што бев во Арсенал со брак. Јас и мојата сопруга, Арсенал, бевме оженети осум години. По осум години, и се смачив на мојата жена. Тоа се фактите. Кога Арсенал не ми нудеа нов договор, беше јасно. Морав да видам наоколу. Сакав да ја освојам титулата. Тоа е животот. Имаше три опции. Една да одам надвор од Англија, која наскоро ја немаше, или да одам во Сити или Јунајтед“, вели Ван Перси за „БТ“.

Околу односите со навивачите на Арсенал, Ван Перси е отворен.

„Секако, навивачите не беа среќни од мојата одлука, но стојам зад неа. Тие не ја имаа целата приказна и никогаш не сум имал ништо против Арсенал“, вели Ван Перси, кој постигна 58 гола во 105 настапи за Јунајтед.

Scroll to Top