Top Sport

Перез на пол-позицијата во Џеда, Ферстепн се откажа поради дефект

Возачот на Ред Бул, Серхио Перез ќе стартува од пол-позицијата на трката за големата награда на Саудиска Арабија. Мексиканецот на патеката во Џеда ја освои втората пол-позиција во кариерата, интересно и првата ја забележа на оваа патека.

Квалификациите, како и тренинзите минаа во доминација на Ред Бул. Перез беше најбрз, откако Макс Ферстапен се откажа во квалификациите. На почетокот на втората квалификациска рунда, Ферстапен се откажа но поради дефект на автомобилот.

Холанѓанецот трката ќе ја започне од 15. позиција.

Второто најдобро време во квалификациите го забележа Шарл Леклер, но тој со своето Ферари трката ќе ја започне од 12. место. Казната што ја доби Леклер значи дека втор на стартот ќе биде Фернандо Алонсо со Астон Мартин.

Во вториот ред се Џорџ Расел од Мерцедес и Карлос Саинц од Ферари, а зад нив се Ленс Строл (Астон Мартин), Естебан Окон (Алпин), Луис Хамилтон (Мерцедес), Оскар Пјастри (Мекларен) и Пјер Гасли (Алпин).

Трката за ГН на Саудиска Арабија утре ќе започне во 18 часот.

Scroll to Top