Top Sport

Петерхансел победи, Саинс ја има трката под контрола

Aктуелниот шампион, Стефан Петерхансел го совлада колегата од Пежо, Сирил Деспре за победа на осмата маратонска етапа на Дакар релито, но во контрола на трката останува третиот возач на францускиот тим, Карлос Саинс.

Петерхансел го загуби водството во генерален пласман во саботата кога помина час и половина во аут со оштетување на суспензијата, а во неделата врти дел од загубеното време со етапна победа по 498 километри од Ујуни до Тупиза.

Деспре, кој имаше мака во првата недела и заостанува над 45 часа во генерален пласман, го предизвика Петерхансел, но на крајот беше втор со 49 секунди послабо време, а трет беше Насер Ал-Атијах во Тојота.

Саинс загуби четири минути во генерален пласман, а по откажувањето на понеделничката етапа поради силните врнежи во Боливија, последните пет етапи од релито го започнува со водство од час и седум минути.


Во пласман на мотоцикли, Антоан Мео ја освои најдолгата етапа, додека разликата на лидерот Адриен ван Беверен и Кевин Бенавидес се „стопи“ на само 22 секунди.

Осмата етапа од боливиските градови Ујуни и Тупиза му припадна на Мео (КТМ), кој  ја доби битката со Американецот Рики Бребек (Хонда), а подиумот го комплетираше колегата на Мео, Тоби Брајс.

Денот беше лош за возачите на Јамаха – Ксавиер де Султре и Пабло Квинтаниља се откажаа по падови, така што лидерот Ван Беверен остана единствена шанса на јапонскиот тим за добар резултат. Тој ја загуби големата предност пред Аргентинецот Бенавидес и сега разликата е само 22 секунди.

Scroll to Top