Италијанецот Данило Петручи потврди дека ќе настапи на релито Дакар. Петручи се договорил со својот тим „КТМ Фектори Рејсинг“, да го замени мотор „КТМ РЦ16“ за „КТМ 450 Рели“ и со него да учествува на легендарното рели.
Данило Петручи се натпреварува во „кралската класа“ од 2012 година. Возел за Ајоду, Прамак Дукати и Дукати, од минатата сезона е во КТМ. Во кариерата возел 162 трки, забележал две победи, двете со тимот на Дукати.
КТМ, во периодот 2001-2019, доминираше на релито Дакар, во последните две сезони го загуби приматот од Хонда.
Дакар 2022 ќе се одржи од 2. до 14.јануари во Саудиска Арабија. Титулата кај моторите ќе ја брани Аргентинецот Кевин Бенавидес од Хонда.