Формула 1 возачот на Ферари, Французинот Шарл Леклер е заразен со коронавирусот. 24-годишниот пилот од Монте Карло се наоѓа во изолација, а се сомнева дека вирусот „го закачил“ на одморот во Дубаи.
Возачот кој минатата сезона во Формула 1 заврши како осмопласиран се јави на Твитер и напиша дека има само благи симптоми.
„Здраво на сите, се надевам дека сте добро, само сакав да ви јавам дека сум позитивен на коронавирус, а моментно сум под надзор на лекар и ги следам сите протоколи. Штом дознав дека сум позитивен, веднаш отидов во самоизолација и ги известив сите оние со кои бев во контакт. Имам благи симптоми, се чувствувам добро, па до крајот на изолацијата ќе останам во мојот дом, во Монако. Чувајте се и останете безнедни“ напиша Леклер.
— Charles Leclerc (@Charles_Leclerc) January 14, 2021
За потсетување, новата сезона во Ф1 ќе започне на 21. март, со трката во Мелбурн.