Италијанскиот производител на пневматици „Пирели“ го претстави изборот на возачите, на Формула 1 тимовите, за првата трка во новата сезона, Големата награда на Австралија која ќе се вози на патеката „Алберт Парк“ во Мелбурн.
Првиот гранд-при викенд во 2019 година ќе се вози во Мелбурн од 15 до 17 март. Секој возач има право на 13 комплети на пневматици.
По десет комплети на „меки“ гуми нарачале пилотите на Рено, Нико Хилкенберг и Даниел Рикакрдо, додека дебитантот во Вилијамс, Џек Расел, верува во „средната“ компонента и нарачал четири комплети на „медиум“ пневматици.
По два сета на „тврди“ гуми ќе бидат испорачани во гаражите на Роберт Кубица, Антонио Џовинаци, Карлос Саинц, Ландо Норис, Шарл Леклер, Нико Хилкенберг и Ленс Строл.
Возачите на Мерцедес Луис Хамилтон и Валтери Ботас и пилотот на Ферари Себастијан Фетел нарачале исти комплети, девет „меки“, три „средни“ и еден „тврд“ сет на пневматици.
Here's the first #Fit4F1 order of the season! #AusGP ? ??? https://t.co/50FtRpzepq pic.twitter.com/NR8Fm5Gaeq
— Pirelli Motorsport (@pirellisport) March 5, 2019