Италијанскиот производител на гуми „Пирели“ ќе биде ексклузивен добавувач на гуми за Формула 1 до крајот на 2027 година, со можност за продолжување на соработката за уште една година, соопшти денеска Меѓународната автомобилска федерација (ФИА).
„Посветеноста на оваа компанија за квалитет, иновативност и нејзиното длабоко познавање на нашиот спорт ќе бидат од суштинско значење во годините што доаѓаат додека се приближуваме до новите регулативи од 2026 година“, рече претседателот на Формула 1, Стефано Доменикали.
„Пирели“, кој е ексклузивен снабдувач на Формула 1 од 2011 година, ќе продолжи да ги снабдува и Формула 2 и Формула 3.