Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри беше прашан за неговите прогнози за претстојната сезона. Најважната вест е дека Луис Хамилтон одлучи предвреме да ја прекине соработката со Мерцедес. Седумкратниот светски шампион ќе вози за својот тим уште оваа сезона, а потоа ќе се пресели во Ферари.
„Дали би било неверојатно доколку Хамилтон повторно стане шампион пред да се раздели со Мерцедес? Не, никако… Што зборуваш? Би рекол дека би било поспектакуларно доколку Оскар Пјастри ја освои првата шампионска титула, тоа би била многу подобра приказна“, изјави Австралиецот.
Пјастри ја заврши претходната сезона, негова прва во Формула 1, на деветтото место во генералниот пласман со 97 поени.
Новата сезона започнува со Големата награда на Бахреин од 29 февруари до 2 март. Претходно сите возачи ќе тестираат, исто така на патеката „Сакир“, од среда до петок.