Италијанските медиуми тврдат дека болидот на Ферари за новата сезона ќе биде именуван „СФ1000“ на утрешната презентација во Италија, а Пјеро Ферари, единствениот жив син на легендата Енцо Ферари најавува дека тимот има „целосно редизајниран болид“.
Себастијан Фетел, Шарл Леклер и сите шефови на Скудерија ќе бидат присутни во стариот театар „Ромоло Вали“ во Реџо Емилија за презентација на болидот, кој ќе го има името СФ1000 во чест на 1.000 ГП трка во Формула 1, која се погодува за проблематичното Кинеско ГП.
Пјеро Ферари во интервју за „Кориере дело спорт“ вели дека очекувањата се големи.
„Болидот за оваа година е целосно редизајниран. Сигурни сме дека направивме сè да ги елиминираме минатогодишните проблеми. Има завршено добра работа и одиме на титула“, изјави Ферари.
Како одговор на изненадувачката презентација на Мерцедес денеска, Ферари на социјалните мрежи ги потсети своите фанови да не ја пропуштат утрешната презентација, со почеток во 18.30 часот.
11.02.2020 18:30 CET, it’s something you wouldn’t want to miss ?#essereFerrari ? pic.twitter.com/2M7J0sMdSv
— Scuderia Ferrari (@ScuderiaFerrari) February 10, 2020