Според холандскиот „Зиго спорт“, германскиот гигант Порше ќе влезе во Формула 1 во 2026 и покрај пропаднатите преговори со Ред бул, откако ќе откупат 50 отсто од тимот на Вилијамс, повеќеркатните светски шампиони.
Германскиот производител, под „капа“ на Фолскваген, беше во долги преговори со Ред бул, пред во септември да се повлечат од договорот бидејќи во Ред бул сакаа да ја заддржат својата независност. За разлика од Ред бул, Вилијамс, еднаш славиот Ф1 тим, нема голем успех во последната деценија во Формула 1.
Вилијамс во моментов се во сопственост на американската инвестициска компанија „Дорлитон капитал“, кои го купија тимот од семејството Вилијамс, кои се основачи на тимот во 1977 година преку Сер Френк Вилијамс. Тие во моментов се на последното место во генерален пласман со 8 поени од 19 трки.
Ако се оствари ова, тогаш Фолскваген ќе има два бренд во Формула 1 во 2026, откако Ауди се пред договор со швајцарскиот тим Заубер, кој во моментов се трка под името Алфа Ромео.